ТРАМП ЈА ИЗБРИША ФОТОГРАФИЈАТА НА КОЈА ПОТСЕТУВА НА ИСУС Требало да биде прикажан како лекар кој лекува
Од Белата куќа засега нема официјален коментар за повлекувањето на објавата.
Претседателот на САД Доналд Трамп ја избриша фотографијата генерирана од вештачка интелигенција на која е претставен во положба и сценографија така што потсетува на Исус Христос.
Објавата предизвика бројни реакции кај религиозните водачи.
Трамп подоцна изјави дека намерата била тој да биде прикажан како лекар кој ги лекува луѓето, а не како религиозна фигура. Тој ги обвини медиумите дека погрешно ја интерпретирале објавата.
– Треба да бидам јас како лекар, да ги направам луѓето подобри. И јас ги правам луѓето подобри. Ги правам луѓето многу подобри – рече Трамп.
На спорната слика тој беше прикажан со раце од кои излегува светлина, поставени над човек во болнички кревет.
Од Белата куќа засега нема официјален коментар за повлекувањето на објавата.