🎥 ТРАКТОР, АВТОМОБИЛ И ГАРАЖА ИЗГОРЕА ВО КАВАДАРЦИ Пожарникарите спречија проширување на пожарот на околните куќи

Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната.

373

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.






„Оштетено е едно возило ‘голф’, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа“, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.

Поврзани содржини