ТРАГИЧНА СМРТ НА 24-ГОДИШЕН АМЕРИКАНСКИ ОЛИМПИЕЦ Момчето кое правеше чудесни летови загина во сообраќајна несреќа

Патрик Гасиеница ги претставуваше САД на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг.

482

Американскиот олимпиец во скијачки-скокови, 24-годишниот Патрик Гасиеница, загина во  сообраќајна несреќа во која имаше тежок судар со неговиот мотор додека се враќал од работа.

Момчето што ги претставуваше САД на Олимпијадата во Пекинг, беше еден од најдобрите американски ски-скокачи.






– Немам зборови! Патрик беше неверојатна личност. Пример за сите нас. Почивај во мир – изјави Максим Гливке, неговиот колега од репрезентацијата.

На претходнитеЗОИ 2022 во Пекинг, Гасиеница беше дек од американскиот тим кој екипно го зазеде 10. место, додека во поединечна конкуренција беше на 49. и 53. позиција.

Поврзани содржини