Во стан во Охрид попладнево мртва е пронајдена поранешна полициска инспекторка.
– Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид – потврдиле од охридската полиција за порталот Охрид 1.
Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а на која ѝ бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.
Во станот на починатата вечерва се присутни јавен обвинител од ОЈО Охрид, како и припадници на крим-полицијата, а телото ќе биде дадено на обдукција.