📽️ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ДОПРЕ ДО КАНАДА Водопадите на Нијагара осветлени во црвено-жолта боја
Крис Палиаре, македонски адвокат кој живее во Торонто, ја изрази својата тагата по трагедијата и истакна дека такви инциденти имаат посебно влијание во малите заедници како Македонија, каде многу луѓе се познаваат и трагедијата има многу поголемо емоционално влијание.
Синоќа, Нијагарините водопади беа осветлени во црвено-жолта боја, во знак на почит за жртвите на трагичниот пожар во Кочани, кој се случи пред една недела. Оваа значајна симболика беше видлива од 21:00 до 21:25 часот по локално време, кога и американската и канадската страна на водопадите беа осветлени со боите на знамето на Македонија.
– Овој потег има за цел да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи оние кои тагуваат по трагедијата во македонскиот ноќен клуб – изјави Крис Гилс од Нијагара Паркс за канадскиот весник „The Star“.
Крис Палиаре, македонски адвокат кој живее во Торонто, ја изрази својата тагата по трагедијата и истакна дека такви инциденти имаат посебно влијание во малите заедници како Македонија, каде многу луѓе се познаваат и трагедијата има многу поголемо емоционално влијание.
– Тоа е голема трагедија, а ефектот на такви настани во малата заедница е уште поинтензивен – додаде Палиаре.
Нијагарините водопади претходно беа осветлени во истите бои и во 2021 година, по повод 30-годишнината од независноста на Македонија. Ова осветлување е одраз на долгогодишниот придонес на македонската заедница во Канада и ја изразува гордоста на заедницата.
View this post on Instagram