ТРАГЕДИЈАТА ВО ГРАЦ ИМА СВОЈ ХЕРОЈ Вработен во супермаркет засолнил и од сигурна смрт спасил група тинејџери
Австриските медиуми објавуваат дека во моментот 10 лица се мртви. Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.
Трагедијата во Грац, каде што поранешен ученик застрела и уби најмалклу 10 ученици и наставници, а уште толку брани, има и свој херој. Тоа е вработен во блискиот супермаркет, кој спасил повеќе ученици.
Австриските медиуми јавуваат дека кога почнала пукотницата, дел од исплашените ученици истрчале кон блискиот супермаркет, за да се спасат. Благодарение на вработен во објектот, кој брзо реагирал, животите на многу деца биле спасени.
Неколку тинејџери, како што пренесува „Хојте“, избегале во блискиот супермаркет преку улицата.
Супермаркетот бил затворен, но внатре имало вработен. За среќа, кога ги видел децата како трчаат, тој им ја отворил вратата и им дозволил да влезат во супермаркетот, каде што потоа се заклучиле и така безбедни ја пречекале полицијата.
Австриските медиуми објавуваат дека во моментот 10 лица се мртви. Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.
🎥 СТРАВИЧНА СНИМКА ОД МАСАКРОТ ВО ГРАЦ Во училиштето се водела вистинска војна – најмалку 10 мртви!