ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА Стршен усмрти 38-годишна жена

Како што наведуваат мештаните, несреќата се случила ненадејно, а убодот бил во пределот на вратот, што довело до брзо влошување на нејзината здравствена состојба.

170

38-годишна жителка на селото Ршавци кај Врњачка Бања, Србија, мајка на две деца, трагично почина вчера во претпладневните часови по убод од стршен.

Како што наведуваат мештаните, несреќата се случила ненадејно, а убодот бил во пределот на вратот, што довело до брзо влошување на нејзината здравствена состојба.






За жал, и покрај обидите да ѝ се укаже помош, до соодветна медицинска интервенција не дошло навреме.

Трагедијата го потресе целото село, а мештаните истакнуваат дека речиси и немало доволно време несреќата да се спречи.

Поврзани содржини