ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ, ИЗВЛЕЧЕН ЖЕНСКИ ТРУП ОД ВАРДАР Полицијата го најде телото на исчезнатата 50-годишна скопјанка

Телото на 50-годишна жена од Скопје беше пронајдено во водите на реката Вардар. Увидната екипа работи на расчистување на случајот, а причините за смртта ќе бидат утврдени по обдукцијата.

0

Вчера околу 11 часот, полициски службеници од СВР Скопје пронајдоа тело на жена во водите на Вардар.

Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Подоцна е утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која членови на семејството претходно пријавиле дека утрото после 8 часот излегла од дома и не се вратила.






Увидната екипа од СВР Скопје работи на расчистување на случајот, а причините за смртта ќе бидат утврдени по обдукцијата.

Жителите на скопските населби во близина на реката изразија загриженост и апелираат за внимание при движење по крајбрежјето.

Поврзани содржини