ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА Ненадејно почина познат руски репрезентативец

Велосипедистот Алексеј Цатевич (34) беше руски репрезентативец, шампион на Русија и учесник на најголемите светски велосипедски трки.

586

Познатиот руски велосипедист Алексеј Цатевич, ненадејно почина на 34-годишна возраст, соопшти Велосипедската федерација на Русија.

Катевич беше еден од најпознатите и најдобрите руски велосипедисти.






Алексеј своевремено беше шампион на Русија, а учествуваше и на најголемите светски велосипедски трки.
– Со длабока тага ја објавуваме прераната смрт на истакнатиот спортист на Русија од меѓународна класа, Алексеј Владимирович Цатевич. Руската велосипедска федерација изразува најдлабоко сочувство до роднините, најблиските и сите што го познаваа Алексеј Владимирович – беше објавено на Телеграмскиот канал на Велосипедската асоцијација на Русија.

Катевич беше руски репрезентативец, како и носител на Орден за храброст, втор степен.

Поврзани содржини