Трагедија во Охрид: Се удави ракометниот голман Никола Даниловски

Според охридската полиција немало траги од насилство. Се водел како исчезнат од синоќа, а по него интензивно трагале полицијата, соиграчите и блиските пријатели.

1,799
На 26-годишна возраст животот го загуби ракометниот голман на РК Охрид и македонски репрезентативец, Никола Даниловски.





Голманот исчезнал синоќа околу 21 часот по тренингот со неговиот клуб, утрово неговото безживотно тело било пронајдено во водите на Охридското езеро. Според охридската полиција немало траги од насилство. Се водел како исчезнат од синоќа, а по него интензивно трагале полицијата, соиграчите и блиските пријатели.

Поради трагичната смрт на овој голман, одложен е вечерашниот натпревар од Суперлигата помеѓу Охрид и Струга. Претходно настапуваше уште за екипите на Металург и Е. Пелистер.

Поврзани содржини