ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД Безживотно тело на маж извадено од водите на Охридското Езеро
Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, во близина на старото пристаниште - вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Безживотно тело на 67-годишен маж утрово е извадено од водите на Охридското Езеро.
– Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, во близина на старото пристаниште – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Извршен е увид од страна на СВР Охрид и јавен обвинител за утврдување на причините за несреќата.