Голема семејна трагедија се случи денеска во Лесковац, во која се убиени четири лица, меѓу кои и бремена жена, пренесуваат медиумите во Србија.
Полицијата попладнево го уапсила 22-годишниот син од првиот брак на убиениот, кој, според српските медиуми, во Србија бил на психијатриско лекување.
Ужасното злосторство се случило на улицата Ратко Павловиќ, веднаш до Старата канцеларија, околу 14,45 часот кога биле убиени маж, неговата вонбрачна сопруга, неговата 19-годишна ќерка која била бремена и едно дете од 12 години. .
Убиството се случило во семејниот дом. Трагите на насилство околу куќата не биле видливи, а никој од соседите не го слушнал пукањето.
Еден од полицајците што влегол во куќата каде што се случила трагедијата, изјавил „Местото е ужасно“.