ТРАГЕДИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА, ЗАТРУПАНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ Ископувале темели на нова зграда

Еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек. Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“.

31

Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на терен за изградба на нова зграда.

Според неофицијални информации на Нетпрес, еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек.

Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“.

На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција и противпожарни екипи и возила.

Поврзани содржини