📽️ „ПРИНЦОТ ХАРИ? КАКО Е НЕГОВАТА СОПРУГА?“ Трамп одговори иронично по пораката кој му беше испратена од Украина

По говорот на принцот Хари во Киев и повикот за американско лидерство, Доналд Трамп возврати со коментар од Овалната соба

0

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Принцот Хари, кој во четвртокот ненадејно ја посети Украина. Војводата од Сасекс одржа говор на безбедносен форум во Киев, при што повика на „ангажирање на американското лидерство“, без директно да го именува Трамп.

– Соединетите Американски Држави имаат единствена улога во оваа приказна. Не само поради нашата моќ, туку и затоа што, кога Украина се откажа од нуклеарното оружје, Америка беше дел од гаранцијата дека суверенитетот и границите на Украина ќе бидат почитувани. Ова е момент за американското лидерство. Момент за Америка да покаже дека може да ги исполни своите меѓународни договорни обврски, не од милост, туку од сопствената трајна улога во глобалната безбедност и стратешката стабилност – рече Хари.

Претседателот на САД беше запрашан од новинарите во Овалната соба да даде коментар за изјавите на принцот. На почетокот, тој отстапи од темата, кратко осврнувајќи се на сопругата на Хари, Меган Маркл.

– Принцот Хари? Како е? Како е неговата сопруга? Ве молам поздравете ја – рече Трамп.

Потоа додаде дека принцот Хари не зборува во име на Обединетото Кралство.

– Тоа е сигурно. Мислам дека зборувам во име на Обединетото Кралство повеќе отколку принцот Хари. Но, ги ценам неговите совети – рече Трамп.

 

Трамп ја нарече Меган Маркл „зла“ во 2019 година, пред подоцна да ја повлече изјавата. Во интервју за „The Sun“ во тоа време, тој одговараше на коментарите на Маркл за него за време на претседателската кампања во 2016 година.

Маркл, која тогаш беше актерка, го опиша Трамп како „женомрзец“ и „раздорен“.

– Не го знаев тоа. Не, не знаев дека е зла – рече тој во тоа време.

Поврзани содржини