ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРЦА Седумнаесетгодишник загина во сообраќајка

773

Седумнаесетгодишно момче од село Мешеишта, општина Дебарца, загина во сообраќајка што се случи изутринава, во 03 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево. Момчето било сопатник во возилото и од здобиените повреди починало на местото на несреќата.

Како што информира МВР,  во несреќата патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17-годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.






Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани содржини