ТРАГЕДИЈА ПРИ ПРИГОТВУВАЊЕ ЗИМНИЦА Жена паднала во врело тенџере и починала од изгореници

Жената со сериозни изгореници по целото тело била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“.

17,453

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала.

Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.

Поврзани содржини