ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КОЧАНИ–ВИНИЦА Возач загина откако со „пежо“ излета од коловозот
Несреќата се случила вчера попладне, а причините за излетувањето на возилото сè уште се утврдуваат.
48-годишниот Б.Ќ. од Виница го загуби животот откако вчера попладне магистралниот пат Кочани–Виница, кај местото познато како „Сланечки дол“, со возилото излетал од патот и починал на самото место.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена во 17:35 часот во ОВР Кочани.
Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Од полицијата информираат дека по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.