ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ БИТОЛА – ПРИЛЕП Сообраќајна несреќа со жртва, возилата беа пренасочени
Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), поради несреќата сообраќајот од 20:10 часот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп. Од АМСМ информираат дека по завршување на увидот сообраќајот е нормализиран од 21:45 часот.
Сообраќајна несреќа со жртва вечерва го блокираше регионалниот пат Битола – Прилеп, кај местото викано „Беровци“, во близина на бензинската станица на „Макпетрол“.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), поради несреќата сообраќајот од 20:10 часот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп. Надлежните служби вршат увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.
Од 21:45 часот нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп што претходно во 20:10 часот беше пренасочен по стариот пат од Битола до Прилеп поради случена сообраќајна незгода со жртва, информира АМСМ