ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ГРЦИЈА Тригодишно дете застрелано во главата

Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопули, а потоа пренесено во друга болница.

238

Тригодишно дете се бори за живот во Грција, откако било застрелано во главта. Овој инцидент се случил во Маркопулос, град во јужна Атика во близина на главниот град Атина. Првите сознанија од истрагата укажуваат на тоа дека детето било застрелано случајно.

Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопули, а потоа пренесено во друга болница.






Детето е во тешка состојба. Според неофицијалните информации, дошло до престрелка меѓу патници на два автомобили, по што куршум испукан од еден од автомобилите завршил во главата на детето.

Поврзани содржини