ТРАЈКОВСКИ ОСВОИ БРОНЗА НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ГРЦИЈА Македонецот ги замолкна сите со својот скок

Златото му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција (8,07 метри), а сребрениот медал е за Божидар Сарабујуков од Бугарија (7,90 метри).

405

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.

Македонецот до медалот дојде со скок од 7,77 метри остварен во последната серија.






Златото му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција (8,07 метри), а сребрениот медал е за Божидар Сарабујуков од Бугарија (7,90 метри).

– Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри – изјави Трајковски по освоениот медал.

Македонецот оваа година беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина каде го освои 8 место во Апелдорн (Холандија), а пред еден месец го освои првото место на Европското еипно првенство во Марибор (Словенија).

Поврзани содржини