ТРАЈКОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА ЗА ЛИДЕР НА НСДП Мисовски го „киднапира“ слободниот избор на делегатите

459

Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски на денешниот Конгрес на кој партијата треба да избере наследник на Тито Петковски сепак не се самокандидираше, поради тоа што, како што соопшти, кандидатот за лидер на партијата Горан Мисовски продолжил со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП.

„Извршителите на Горан Мисовски го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот претседател на НСДП е целосно урнисан и Мисовски и неговите приврзаници ги уништија сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП. Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за претседател на НСДП“, соопшти Трајковски.






Тој порача дека Конгресот е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесена од овој состав на делегати е нелегитимна.

Поврзани содржини