ТРАЈКОВСКИ ДЕМАНТИРА ДЕКА СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ТРКАТА ЗА ПАРТИСКИ ЛИДЕР Членови на НСДП манипулирале во негово име

Информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити, вели Кристијан Трајковски, кој се надева дека ќе ги освои гласовите на делегатите на партискиот конгрес и во НСДП ќе ја наследи фотелјата на Тито Петковски.

771

Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот, вели Кристијан Трајковски, кој демантира дека се повлекол од трката за претседател на НСДП.
– Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко.  Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити – вели Трајковски.
Тој додава дека нема да дозволи да ја изневери довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за демократски промени во партијата, повикувајќи ги сите делегати и членови на 4  јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал, со цел да се обезбеди вистински демократски конгрес, кој на крајот ќе ја обедини партијата.

Поврзани содржини