ТРАЈАНОВСКИ ЈАВНО ЈА ПОДДРЖА АРСОВСКА ЗА СКОПЈЕ Ќе стави крај на уништувањето на метрополата
Поранешниот градоначалник вели дека Арсовска ќе работи за интересите на скопјани.
Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, даде јавна поддршка за кандидатката за градоначалник Данела Арсовска.
„Со одлука на извршниот и централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Данела Арсовска е поддржана како независен кандидат за градоначалник на град Скопје. Како долгогодишен член и функционер, пратеник, градоначалник, претседател на ЗЕЛС и давам поддршка за градоначалник на Скопје кој ќе работи за интересите на скопјани со што ќе престане четиригодишната стагнација и уништување на македонската метропола“, напиша Трајановски на својот фејсбук профил.