Трајанов предлага да им се забрани одмор на министрите и на пратениците во јули и во август

ДС смета дека поради пандемијата многу реформи доцнат и дека само со дополнителни напори и работа може да опстоиме на патот кон ЕУ  и да се создадат  подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.

720

Пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да  работат, се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија, предлага Демократски сојуз.

– Летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад. Мора да продолжат реформите во судскиот систем,како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата – велат од ДС.

Според владеачката партија, овој период да се искористи за подготовка на Платформа за на поефикасен начин да се справиме со пандемијата,да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба.






ДС смета дека поради пандемијата многу реформи доцнат и дека само со дополнителни напори и работа може да опстоиме на патот кон ЕУ  и да се создадат  подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.

Поврзани содржини