ТРАЈАНОВ НЕМА ДА ПОДДРЖИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Власта губи глас од коалициски партнер

1,650

Власта нема да ја има поддршката од коалициониот партнер, Павле Трајанов, за прашањето за уставните измени.

Претседателот на Демократскиот сојуз вечерва во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав без реципроцитет од бугарска страна, рече дека нема да поддржи и со тоа практично нема да гласа.






– Апсолутно не – одговори Трајанов.

Со ова се намали бројот на пратенци на власта кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред учесниците на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана порача дека Северна Македонија продолжува посветено да работи на скрининг процесот и оти очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои, како што вели, уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права.

Поврзани содржини