ТОВАРЕН ВОЗ ПРЕГАЗИ 64-ГОДИШЕН НЕГОТИНЕЦ Човекот се движел пеш по пругата во 2 часот по полноќ

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино, се вели во полицискиот билтен.

195

Ноќеска во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Р.У. починал на местото на настанот. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини