Тортевски за протоколите во угостителските објекти: Тоа е идиотска одлука, како на мали Ѓокица ВИДЕО
Адвокатот Александар Тортевски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечера ги критикуваше протоколите за угостителските објекти нарекувајќи ги идиотски и дискриминиторски, алудирајќи на оние кои пропишуваат на една маса да седат само луѓе од едно семејство.
– Се согласувам дека тоа е идиотска одлука, како мали Ѓокица замислува да функционира тоа – рече Тортевски.
Професорот Љубомир Фрчкоски порача дека Владата треба веднаш да ги повлече дискриминиторските протоколи.
.