📽 ТОРНАДО ВО МОСКВА?! Во силната бура 2 лица го загубија животот, 10 се повредени

Руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од природни катастрофи, предупреди дека денеска до 22 часот во Москва се очекуваат поројни дождови и силен ветер, како и можност за торнадо во следните часови.

435

Најмалку 2 лица го загубија животот, а 10 се повредени во силна бура со пороен дожд, предизвикана од студен атмосферски фронт, што денеска ја зафати Москва.

Руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од природни катастрофи предупреди дека денеска до 22 часот во Москва се очекуваат поројни дождови и силен ветер, како и можност за торнадо во следните часови.






Синоптичарите известија дека само за еден час, во руската престолнина наврнале 22 мм дожд, што е една третина од месечната норма. Во Москва беше објавено портокалово 10-то ниво на опасност поради лошите временски услови, бидејќи налетите на ветерот достигнаа и до 25 метри во секунда.

Градските власти ги повикуваат жителите да се воздржат од излегување надвор, а сите возачи да внимаваат зад воланот.

Поради лошото време во руската престолнина, парковите и фестивалските платформи се затворени, а службите за итни случаи на градот работат во засилен режим и брзо ги отстрануваат паднатите дрвја и ги демонтираат постројки оштетени од ветрот.

Московските аеродроми „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“ работат нормално и покрај поројниот дожд и лошото време. Не се пријавени доцнења или откажувања на летови.

 

Поврзани содржини