ТОРНАДО ВО ИСТРА Хрватска повторно зафатена од невреме

Поради силната промена на времето која ќе ја зафати цела Хрватска речиси за целата земја е објавено портокалово метео предупредување.

569

Дел од Хрватска, особено северното приморје и регионот на Истра денеска е зафатено од невреме. Дожд со грмежи ги зафатија Пореч и Умаг пред неколку часа, објави Истрамет.

Но, нов посилен фронт на бура со многу молњи пристигна над западниот дел на Истра.






Истрамет извести и дека кај Ровињ се појавила големо торнадо.

За Истра и областа Риека, локално можна е појава на грмежи, пороен дожд и град. Количината на врнежите треба да биде повеќе од 30 мм, а веројатноста за појава на грмежи е над 75 отсто.

Поради силната промена на времето која ќе ја зафати цела Хрватска, издадени се метеоролошки предупредувања, па речиси за целата земја е објавено портокалово метео предупредување. Локално можна е појава на грмежи и град.

„Подгответе се за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“ – предупредија од хрватската хидрометереолошка служба, пренесуваат хрватските медиуми.

Поврзани содржини