🎥ТОРНАДО, БУРА И ГРАД ВО РОДОС Пожарникарите извлекувале луѓе од возилата

210

Силно невреме придружено со град, бури и торнадо го погоди грчкиот остров Родос рано утрово.

Луѓето останалe заробени во автомобили, а според грчките медиуми, силно торнадо на северот на островот откорнало и кршело дрвја во областа Калитеа. Невремето предизвикало штети и во регионот Неа Марина.






Поради високиот водостој на улиците, некои граѓани останале заробени во своите автомобили во градот Родос. Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да извлечат три лица од возилата.

Родос беше погоден и од град.

Поврзани содржини