ТОПЛОТНИОТ БРАН ДОСЕГА ОДНЕСЕ 3.700 ЖИВОТИ НИЗ ЕВРОПА Континентот не видел вакви горештини во историјата

Здравствените власти предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Метеоролозите најавуваат дека по краткото заладување, Европа повторно ја очекува нов бран на екстремно високи температури.

1

Најмалку 3.700 луѓе повеќе од вообичаеното починале за време на последниот екстремен топлотен бран што ја зафати Европа, покажуваат прелиминарните податоци од Франција, Белгија и Холандија.

Здравствените власти предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да сезголеми. Според експертите, топлотниот бран од 20 до 28 јуни бил најинтензивниот досега забележан на европскиот континент.






Само во Франција се регистрирани 2.025 дополнителни смртни случаи, што е речиси 30 проценти повеќе од вообичаеното. Во Белгија биле евидентирани 1.222 дополнителни смртни случаи, додека во Холандија околу 480, најмногу кај повозрасните лица.

Екстремните температури предизвикаа проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетување на инфраструктурата и голем притисок врз здравствените системи.

Научниците оценуваат дека ваквите рекордни горештини се директно поврзани со климатските промени предизвикани од човекот. За време на топлотниот бран повеќе од две третини од населението во Европа било изложено на температури над 35 степени.

Температурни рекорди беа срушени во повеќе европски земји, меѓу кои Германија, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Франција ги забележа и најжешките ноќи во својата историја, а властите предупредуваат дека

вистинскиот број на жртви ќе биде познат дури по деталните анализи.

Метеоролозите најавуваат дека по краткото заладување, Европа повторно ја очекува нов бран на екстремно високи температури.

Експертите предупредуваат дека ваквите појави ќе стануваат сè почести и поинтензивни доколку продолжи глобалното затоплување.

Поврзани содржини