Топло-ладно: Карди Б ги повлече документите за развод од неверниот сопруг

304

Раперката Карди Би (28) поведе постапка за поништување на документот со кој бараше развод од сопругот рапер Офсет помалку од два месеца откога бракот го квалификува како „неповратно скршен“.

Карди Б поднесе документи во Џорџија за да го отфрли разводот што го почна во септември, објави порталот ТМЗ.






Ова не е првпат да се предомисли во врска со правната разделба од 28-годишниот Офсет бидејќи тие физички се разделија во декември 2018 година среде шпекулациите за неверство за повторно да бидат заедно само два месеца подоцна.

Карди очигледно сè уште ја остава вратата отворена за потенцијална разделба имајќи предвид дека постапката за откажување ја почнала без предрасуди, што значи дека има право да ја повтори постапката на подоцнежен датум, според порталот.

Судијата, сепак, ќе мора да го потпише последното барање за да го официјализира, но моќната рап-двојка јасно стави до знаење дека се повторно заедно.

Двојката повторно ја оживеа својата романса за време на прославата на 28. роденден на Карди во Лас Вегас и Атланта во средината на октомври.

Поврзани содржини