📷 ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ОД МУЦУНСКИ ЗА МАРТА КОС Евроинтеграциите се јасна стратешка определба на владата
Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката, најави министерот за надворешни работи во објава на Фејсбук.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со букет цвеќе срдечно ја пречека еврокомесарката Марта Кос на скопскиот аеродром. На профилот на министерот беа објавени слики од доаѓањето на Кос која утре ќе присуствува на Самит на лидерите од Западен Балкан.
„Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката. Утре, на состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија“, објави министерот заедно со фотографии од топлото добредојде.