ТОПКАТА Е КАЈ НИВ Нема да го симнеме ветото за Скопје, рече Слави Трифонов
Ние долго време имавме прекрасни односи со нив. Нивната реакција не беше таква, вели лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.
Лидерот на бугарската политичка партија Има таков народ, Слави Трифонов, во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ) зборуваше за можната коалиција за состав на Влада, укинувањето на левот, односите со претседателот Румен Радев…
На прашањето дали Бугарија треба да го смени ставот и да го симне ветото за почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Трифонов коментира дека сегашната позиција на Софија е исправна и сè додека односот на Скопје и Македонците кон Бугарија не се променат, нема да се промени ниту бугарската одлука за ветото.
– Не мислам дека бугарската позиција по ова прашање треба да се промени. Каква што е сега, така треба и да остане. Топката е кај нив и тие мора да направат нешто за да ја променат нашата одлука. Ние долго време имавме прекрасни односи со нив. Нивната реакција не беше таква – вели Трифонов.