Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга актерката Рита Вилсон го победија коронавирусот и се вратија дома во Лос Анџелес.
Холивудската брачна двојка со приватен авион од Австралија се врати во Лос Анџелес.
Том и Рита во одлично расположение со насмевки на лицата беа фотографирани како слетуваат на аеродромот во Ел Еј.
Потоа, папараците ги уловија како расположени се возат во џип низ улиците на Лос Анџелес.
Том Хенкс и Рита Вилсон беа првите јавни личности од Холивуд заразени со ковид -19. Брачниот пар се зарази со коронавирусот за време на снимањето на филмот за Елвис Присли во Австралија. Том и Рита поради позитивните тестови мораа да бидат прво хоспитализирани, а потоа да поминат во изолација 14 дена.
Foto: Tviter/Printskrin