Том Хенкс и неговата сопруга сега се грчки државјани (ФОТО)
Двајцата се состанаа со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој на својот профил на Инстаграм објави фотографија со Хенкс и Вилсон во кои се прикажани нивните нови грчки пасоши.
Познатиот американски актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон сега се грчки државјани.
Двајцата се состанаа со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој на својот профил на Инстаграм објави фотографија со Хенкс и Вилсон во кои се прикажани нивните нови грчки пасоши.
Средбата се одржа на островот Парос. Рита Вилсон, која има грчки корени, и Том Хенкс веќе долго време поседуваат куќа на соседниот остров Антипарос.