ТОМ ХЕНКС ГО ОДБИЛ БЕЗОС ЗА ЛЕТ ВО ВСЕЛЕНАТА „Не плаќам 28 милиони долари“ (ВИДЕО)

Во емисијата Кимел го праша 65-годишниот оскаровец дали е вистина дека милијардерот му се обратил во врска со летовите во вселената.

446

Холивудскиот актер Том Хенкс во вторникот беше гостин во емисијата „Џими Кимел во живо“ во која рече дека Џеф Безос му понудил лет во вселената, но го одбил поради цената.

Во емисијата Кимел го праша 65-годишниот оскаровец дали е вистина дека милијардерот му се обратил во врска со летовите во вселената пред актерот Вилијам Шатнер, кој минатиот месец беше лансиран во вселената од ракетната компанија на Безос, „Блу Ориџин“.






– Па, да, под услов да платам. И, знаете, чинеше 28 милиони долари или нешто слично. Добро ми оди, Џими, добро ми оди. Но, не плаќам 28 милиони долари – одговорил актерот.

„Знаете, би можеле да го симулираме искуството на одење во вселената токму сега. Тоа е лет што трае околу 12 минути? Сите ние би можеле да го направиме тоа на нашите седишта овде“, рекол Хенкс пред комично да го симулира искуството со летање. „Не треба да потрошам 28 милиони долари за тоа. Можам да го направам тоа дома“, додал Хенкс.

Кимел подоцна го прашал Хенкс дали би размислил да се качи на вселенски лет доколку е бесплатен. „Повремено би го направил тоа само за да ја доживеам радоста. Преправајќи се дека сум милијардер“, одговори Хенкс.

Поврзани содржини