Холивудскиот актер Том Хенкс по првпат ја раскажал својата трагична семејна приказна, гостувајќи во една емисија.
Хенкс открил дека неговиот татко бил сведок на убиството на својот татко, односно дедото на Том, кога бил мал.
По многу години, Том се отворил во интервју со Греам Бенсинџер и раскажал дека неговиот татко Амос Мефорд Хенкс го гледал убиството на својот татко.
– Мојот татко имал девет или десет години кога изнајмен работник го убил неговиот татко во шталага на неговата фарма во калифорнискиот град Виловс. Тој бил едно од четирите деца и единственото што се затекнало таму. Тоа искуство го скршило. Тој како дете морал да сведочи три пати. Со адвокатите, судијата… Тоа била спорна тепачка, мажот бил ослободен, бидејќи се работело за тепачка. Но, мојот дедо бил убиен и татко му сведочел за тоа – рекол Том.
Тој додал дека тоа го уништило неговиот татко и му го одзел безгрижниот живот, а го изгубил и чувството дека постои правда во светот.
– Не беше исправно што го видел тоа. Тоа беше неправда што седеше на неговите млади раменици – истакнал актерот. Тој објаснил и дека неговиот татко станал „црна овца“ во семејството, бидејќи бил сведок на тој страотен настан.
– Не чувствуваше никаква вистинска радост сè додека не се оженил со мојата маќеа. Сакаше да биде писател, но животот не му ги додели картите за да ги брка тие соништа – заклучил Том во искреното интервју кое ја шокираше јавноста.