Толку од пукотниците во Нагорно-Карабах

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување. 

662

Во заедничкотосоопштение на Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан се наведува дека од денеска стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.

Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.






Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат повторна средба на 29 октомри.

„Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на се опфатно решение“, се наведува во соопштението од Минск групата.

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.

Поврзани содржини