Точиме гориво по најниски цени во последните 7 години

Малопродажните цени на нафтените деривати ги формира Регулаторната комисија за енергетика на седница секој понеделник во неделата.

1,406

Малопродажната цена на горивата во оваа турбулентна 2020 година е најниската во последните 7 години, објави Сител.

Според пресметките, литар бензин од 95 октани во моментов на бензинските не може да се продава поскапо од 60,5 денари по литар. 62,5 денари за литар е 98 октанскиот бензин а дизелот чини 53 денари.  Во споредба со крајот на минатата година, оваа плаќаме за по 8 денари поевтин бензин и дури 10 денари поевтин дизел за секој литар. Минатогодишната цена на горивата е и највисоката во последните 7 години. Македонците плаќале и по 82 денари за литар бензин на крајот од 2013. Во истата година дизелот чинел 71 денар за литар.






Малопродажните цени на нафтените деривати ги формира Регулаторната комисија за енергетика на седница секој понеделник во неделата. Тие директно зависат од цената на суровата нафта од типот Брент на берзата во Лондон.

Цената на суровата нафта со почетокот на кризата со ковид-19 бележи остар пад, па така ако на 30 декември лани барел нафта чинел 66,7 долари, неговата цена во април паднала на само 19,33 долари за повторно да се стабилизира на 51,4 долари колку што чинел еден барел вчера. Така се движела и малопродажната цена во Македонија. Оваа година бензинот најевтин бил меѓу 6 и 13 април. 96 октанскиот чинел само 48 денари за литар а 98 октанскиот 2 денари повеќе. Дизелот најевтин бил На 27 април кога еден литар на бензинските пумпи се точел за само 42,5 денари.

Поврзани содржини