ТОБОГАНИ, ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ, НОВИ ЛЕЖАЛКИ Градскиот базен во Кавадарци ќе стане нова атракција

Комплетно реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, предвидува проектот за реконструкција на базенот во Кавадарци.

147

Тобогани, детско игралиште, нови лежалки и соблекувални, како и соба за доктор предвидува проектот за реновирање на Градскиот базен во Кавадарци, најави градоначалникот Митко Јанчев.

Проектот е завршен и опфаќа комплетна реконструкција на базенот.






Предвидено е да се стават нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и тобогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога.

– Комплетно реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и сѐ што е дополнително потребно за да Градскиот базен функционира како забавен воден парк, и за младите и за постарите – напиша градоначалникот Митко Јанчев на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини