ТОАЛЕТНИ КОЛИЧКИ ЗА КАПЕЊЕ Детската клиника доби донација од Зегин ортопедик

Со оваа донација ќе се олеснат условите за престој на најмалите пациенти на овој оддел.

137

Зегин ортопедик денеска на онколошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести донираше детски тоалетни колички за капење. Зегин ортопедик е дел од групацијата Зегин.

Со оваа донација ќе се олеснат условите за престој на најмалите пациенти на овој оддел. Донацијата ја прими директорката на детската клиника Аспазија Софијанова, која се заблагодари за хуманиот потег на Зегин ортопедик во името на целиот тим од онколошкиот оддел предводен од проф. д-р Светлана Кочева.






– Хуманата мисија и понатаму продолжува да биде еден од приоритетите на компанијата Зегин која ги поддржува и своите вработени, секогаш кога е потребно. Конкретно, оваа донација беше иницирана од родител, дел од семејството на Зегин, чие дете престојуваше на овој оддел – велат од Зегин.

Поврзани содржини