ТОА ШТО ВИ ГО ПРАВАТ ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ Е ЕВРОПСКА СРАМОТА Лидерот на хрватската СДП беше гостин кај Филипче
На средбата меѓу Дончиќ и Филипче станало збор и за збратимување на градовите, чии градоначалници во Македонија се од СДСМ, а во Хрватска од СДП, со цел нивна подобра подготовка за членство во ЕУ.
Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота. Тие работи треба да останат билатерални, да ги решава Македонија со Грција и со Бугарија, а не да постојат вета, некакви забрани за македонскиот пат во Европа, рече претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ по вчерашната средба со неговиот домаќин, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
На заедничката прес-конференција по средбата, Дончиќ напомена дека СДП силно ја поддржува европската перспектива на Македонија.
– Македонија низ историјата секогаш била во извонредно добри односи со Хрватска, и стопански и културни и политички. Така и ќе остане. Мора да знаете дека ЕУ е само средство за остварување на вашите национални цели, а тоа се благосостојба и добар живот за граѓаните. На тој пат имате искрен пријател во СДП на Хрватска и во мене. Тој пат е трновит, можеби ЕУ не е идеална, но за мали народи како нашите, во овој момент не гледам подобра асоцијација, не постои – рече лидерот на СДП.
На средбата станало збор и за збратимување на градовите, чии градоначалници во Македонија се од СДСМ, а во Хрватска од СДП, со цел нивна подобра подготовка за членство во ЕУ.