ТОА ШТО НЕ МУ УСПЕА НА ТОДОР ЖИВКОВ, МУ УСПЕА НА СДСМ Ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт, рече Мицкоски

Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи - одговори премиерот Мицкоски на прашање на пратеникот Трајчулески.

330

Премиерот Мицкоски во одговорот на пратеничко прашање поставено од страна на пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.

– Нема да ве вратам во времето на Батенберг, во времето на егзархот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батенберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска позиција на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие сѐ прифативте. И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи – одговори премиерот Мицкоски.






Пратеникот Трајчулески упати прашање до премиерот Мицкоски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицкоски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија денес се користи на ист начин како што Груевски го користел грчкото вето во 2008 година, како изговор за внатрешна пресметка и задржување на власта.

Поврзани содржини