📽️ ТОА БИ САКАЛ ДА МИ ПИШУВА НА ГРОБОТ, ОТКРИ АСОТ Ѓоковиќ си ја отвори душата пред познатиот Пирс Морган
Би сакал да пишува: „Човек кој ги допре срцата на луѓето“. Сакам да плачам токму сега. Мислам дека сфатив што сакам да кажам на мојот надгробен споменик. Ви благодарам што ми помогнавте да дојдам до тоа разбирање, изјави српскиот тениски ас во, можеби, едно од најинтимните интервјуа досега во кариерата.
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, со солзи во очите зборуваше за смртта, наследството и животот по тенисот. Во разговор со британскиот новинар Пирс Морган, Ѓоковиќ изјави дека конечно ја сфатил суштината на човечката поврзаност и она што навистина има тежина во животот, јави Пирс Ансенсорд на платформата Икс.
Меѓу прашањата кои најмногу го погодија, Морган го замоли да замисли натпис на својот надгробен споменик. Новак, видно потресен, одговори:
– Би сакал да пишува: „Човек кој ги допре срцата на луѓето“. Сакам да плачам токму сега. Мислам дека сфатив што сакам да кажам на мојот надгробен споменик. Ви благодарам што ми помогнавте да дојдам до тоа разбирање – изјави Ѓоковиќ.
Понатаму, тој откри дека првпат во животот присуствувал на погреб, кога го испратил својот „тениски татко“, легендарниот Никола Пилиќ.
“I think I wanna cry right now… thank you for that.”
Piers Morgan helps Novak Djokovic come to a profound realization….
Watch the full interview 👇
📺 https://t.co/gCAjSqkDwA@piersmorgan | @DjokerNole pic.twitter.com/ionLgQSV9M
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 11, 2025
– Тоа беше првпат да бидам на погреб. Чувствував огромна тага, но и длабока човечка поврзаност. Луѓето зборуваа не за неговите титули, туку за тоа каков човек бил, како ги менувал животите на младите околу себе – рече Ѓоковиќ.
Морган во интервјуто му се извини за претходните критики поврзани со неговиот став за вакцините, а разговорот се прошири и на темите за телото, болката и стравот од крајот на кариерата.
– Постои биологија, имам 38 години, наскоро ќе наполнам 39. До неодамна мислев дека сум Супермен кој не може да се повреди, но добив шлаканица во реалноста во последните неколку години – додаде Новак.
Ѓоковиќ заклучи дека не сака да биде запаметен само како шампион, туку како човек кој ја почитувал играта и луѓето:
– Сакам да бидам запаметен како некој што секогаш играл фер и го давал својот максимум. На крајот на денот, тоа е сè што можам да контролирам – истакна српскиот ас.