ТОА БЕШЕ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ, СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НЕДЕЛА! Ѓоковиќ одмора со мраз на главата

416

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.






По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

– Ви благодарам за пораките во кои се грижите за мене. Тоа беше несреќен случај, добро сум и се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

Поврзани содржини