ТОЈ ПРИМИ ВАКЦИНА ОД 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Извлечен победникот во лотаријата
Државните здравствени податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани жители на оваа земја е зголемен за околу 10 отсто од моментот кога беше објавен наградниот фонд.
Жител од областа на Лас Вегас, САД, освои џекпот во вредност од еден милион долари на наградна игра во рамки на програмата за вакцинација против коронавирусот.
Гувернерот на Невада, Стив Сисолак, ја создаде оваа програма со цел да ја поттикне јавноста да се вакцинира против ковид-19.
Имињата на добитниците на наградите беа објавени на настанот кој го организираше гувернерот во Конвекцискиот центар во Лас Вегас.
Програмата наречена „Денови на вакцинација во Невада“ започна на 17 јуни, со сума од 5 милиони долари, средства од федералните фондови за пружање помош во борбата со коронавирусот.
Државните здравствени податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани жители на оваа земја е зголемен за околу 10 отсто од моментот кога беше објавен наградниот фонд, кон средината на јуни, до неговиот завршеток, вчера.