📽 📷 ТОЈ Е ТОЈ МАМБА МЕНТАЛИТЕТ! Ноле му оддаде почит на Брајант, а сопругата на Коби имаше порака за Ѓоковиќ
Коби беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше тука како поддршка. Бев погоден од неговата смрт. Го носеше бројот „24“ кога стана легенда на Лејкерси и светската кошарка, па вака на убав симболичен начин се сетив на него – рече Ѓоковиќ.
Откако ја освои 24 рекордна титула, Новак Ѓоковиќ во Њујорк, САД, Србинот имаше одличен гест оддвавајќи му почит на починатиот познат американски НБА кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и пријател Коби Брајант.
Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар на „УС Опен“, Ѓоковиќ облече дрес со бројот „24“ и со порака: „Мамба засекогаш“.
Брајант во текот на професионалната кариера го носеше бројот „24“, бројот кој Коби го носеше на својот дрес во најславните денови во кариерата, а кој Србинот реши симболично да го обедини.
Novak hits 24 and pays tribute to the late Kobe Bryant 💙 pic.twitter.com/rDXVUvYe1Z
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
– Оваа маица… Размислував да ја направам пред седум дена, никому не му кажав, само ги замолив луѓето од тимот да ми помогнат. Коби ми беше близок пријател, зборувавме многу за победничкиот менталитет, како да се вратам по повредите и да бидеме на врвот на играта. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше тука како поддршка. Бев погоден од неговата смрт. Го носеше бројот „24“ кога стана легенда на Лејкерси и светската кошарка, па вака на убав симболичен начин се сетив на него – рече Ѓоковиќ.
Novak shares the idea behind his tribute to Kobe 🗣 pic.twitter.com/aFd7xStqVx
— US Open Tennis (@usopen) September 11, 2023
Откако ја облече маицата, Новак ја бакна и со рацете покажа кон небото. Коби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа, при што загинаа уште осум лица, меѓу кои и Џана Брајант, ќерката на Коби.
По финалето на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Коби, Венеса Брајант. Таа му ја честиташе победа на Ѓоковиќ и порача:
„Честитки Новак, тој е тој мамба менталитет. Вистинскиот го препознава вистинското“.
