ТОЈ ЈА ФАТИЛ ЗА ВРАТ, А ТАА МУ ЗАБИЛА НОЖ Семејната расправија излегла од контрола

829

Синоќа во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг.

Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет.






„Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот  против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини