Една 17-годишна девојка од Калифорнија со голи раце се борела и турнала мечка од оградата на дворот на нејзината куќа за да ги спаси своите кучиња.
На снимката, која ја објави Би-би-си, се гледа како девојката дотрчува во дворот, а кога ја здогледала мечката која, од врвот на ѕидот на оградата, каде што се качила со своите мечиња, ги напаѓа кучињата, девојката ја турнала преку оградата.
„Сè започнало кога ги слушнала кучињата како лаат во дворот и отишла да ги провери“, пренесе Би-би-си, додавајќи дека мечката избегала по инцидентот.
На крајот од видеото, се гледа како девојката и кучињата како бегаат, а ниту таа ниту кучињата не се здобиле со посериозни повреди во оваа прилика, пренесува Танјуг.
ФОТО: Јутјуб